• недела, 24 ноември 2024

Иран се закани дека ќе одговори на новите санкции од Западот

Иран се закани дека ќе одговори на новите санкции од Западот

Техеран, 11 септември 2024 (МИА) - Иран се закани дека ќе преземе соодветни „мерки“ како одговор на новите санкции објавени против Техеран од страна на Велика Британија, Германија и Франција, негирајќи ги тврдењата дека и дал балистички ракети на Русија за да ја нападне Украина .

-Оваа акција на трите европски земји е продолжување на непријателската политика на Западот и економскиот тероризам против иранскиот народ, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи, Насер Канани.

Тој додаде дека „Исламската Република Иран ќе одговори на соодветен и пропорционален начин“, без да прецизира за кои „мерки“ станува збор.

Канани уште еднаш ги отфрли тврдењата дека Иран и испорачувал оружје на Русија.сд/

Остани поврзан