• недела, 22 декември 2024

Иран: Преговорите во Виена за нуклеарната програма се во критична фаза

Иран: Преговорите во Виена за нуклеарната програма се во критична фаза
Техеран, 23 февруари 2022 (МИА) – Преговорите во Виена за повторно активирање на иранскиот нуклеарен договор се во „критична“ фаза и остануваат да се решат неколку „важни“ прашања, изјави денеска иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир -Абдолахиан. - Преговорите се во критична и важна фаза, рече иранскиот министер за надворешни работи по средбата со оманскиот колега Бадр ал Будаиди, кој е во посета на Техеран. Тој изрази надеж дека неколку чувствителни и важни прашања ќе бидат решени во наредните денови со „реализмот“ на Западот. Тој рече дека е „оптимист“, но и дека Иран нема да ги премине „црвените линии“ во преговорите, без да наведе кои се тие. Иранскиот преговарач Али Багери треба да се врати на кратко во Техеран за да се консултира додека продолжуваат преговорите во Виена. Преговорите се обид да се спаси договорот од 2015 година, кој требаше да го спречи Иран да развие атомска бомба, додека Иран продолжува да негира дека имал намера или планира да направи тоа. Договорот, склучен меѓу Иран и шесте светски сили (САД, Кина, Франција, Велика Британија, Русија и Германија), овозможи укинување на меѓународните санкции против Техеран во замена за строги ограничувања на неговата нуклеарна програма. Меѓутоа, САД се повлекоа од договорот од 2018 година за време на Доналд Трамп и повторно воведоа санкции. Како одговор, Техеран престана да се придржува до ограничувањата на својата нуклеарна програма. јт/

Остани поврзан