• вторник, 14 мај 2024

Иран и Узбекистан ја интензивираат билатералната соработка

Иран и Узбекистан ја интензивираат билатералната соработка

Техеран, 18 јуни 2023 (МИА) – На денешната средба во Техеран, претседателот на Иран и на Узбекистан, Ебрахим Раиси и Шавкат Мирзијоев договорија продлабочување на билатералната соработка.

Тоа е прва посета на узбекистански претседател на Иран по повеќе од две децении.

На средбата потпишани се и 11 договори за соработка во различни области, вклучително трговијата, транспортот, фармацевтските производи, технологијата и земјоделството.

Иран и Узбекистан, кои се граничат со Авганистан, потпишаа и договори за соработка во областа на стандардите и процената на можноста за создавање трговски договори. ми/

фото: ДПА

 

Остани поврзан