Иран испрати воени советници во Сирија за да му помогнат на претседателот Башар ал Асад
- Техеран испрати делегација на воени советници во Сирија, предводена од висок генерал од Корпусот на Исламската револуционерна гарда, за да и помогне на владата во Дамаск да се спротивстави на исламистичката офанзива на југот на земјата, јави ДПА.
Техеран, 4 декември 2024 (МИА) - Техеран испрати делегација на воени советници во Сирија, предводена од висок генерал од Корпусот на Исламската револуционерна гарда, за да и помогне на владата во Дамаск да се спротивстави на исламистичката офанзива на југот на земјата, јави ДПА.
Бригадниот генерал Џавад Гафари ќе обезбеди поддршка за контраофанзивата на војниците на претседателот Башар Асад во регионот на градот Хама, јави иранското радио „Ал Алам“.
Минатата недела исламистичките борци предводени од милитантната група Хајат Тахрир ал Шам започнаа ненадејна офанзива во северозападна Сирија и ја презедоа контролата врз вториот по големина град Алепо.
Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи вчера изјави дека Техеран е отворен за можноста да испрати војници во Сирија за да им помогне на силите на Асад.
Американскиот институт за проучување на војната пишува дека Гафари има стручно знаење за ситуацијата во Сирија. мс/
фото: МИА архива