• среда, 20 ноември 2024

Иранско МНР: За нуклеарното оружје нема место во иранската нуклеарна доктрина

Иранско МНР: За нуклеарното оружје нема место во иранската нуклеарна доктрина

Техеран, 22 април 2024 (МИА) – Во денешното соопштение од иранското Министерство за надворешни работи се наведува дека за нуклеарното оружје нема место во иранската нуклеарна доктрина.

Соопштението уследи откако командантот на Револуционерната гарда, Ахмад Хагталаб пред неколку дена предупреди дека Техеран може да ја промени својата нуклеарна политика доколку биде под притисок од израелските закани.

- Иран постојано повторува дека неговата нуклеарна програма служи само за мирољубиви цели. Нуклеарното оружје нема место во нашата нуклеарна доктрина, изјави портпаролот на МНР, Насер Канани. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан