Иранскиот министер за надворешни работи утре ќе учествува на третата рунда нуклеарни преговори со САД во Мускат
- Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, утре ќе отпатува во Мускат за да учествува на третата рунда индиректни нуклеарни преговори со САД, објавија иранските медиуми.
Техеран, 25 април 2025 (МИА) - Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, утре ќе отпатува во Мускат за да учествува на третата рунда индиректни нуклеарни преговори со САД, објавија иранските медиуми.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, изјави дека Техеран и Вашингтон се согласиле да одржат паралелни состаноци на техничко и експертско ниво во присуство на високи преговарачи од Иран и САД.
Тој нагласи дека напредокот во преговорите зависи од добрата волја, сериозноста и реализмот на спротивната страна.
Багаи прецизираше дека иранската делегација е подготвена за компромис за време на процесот, врз основа на претходното искуство и однесување на САД и ќе вложи максимални напори за заштита на легитимните права и интереси на иранскиот народ. мс/
фото: ЕПА