Иранскиот врховен лидер Хамнеи се закани со „разорен“ одговор на Израел и САД
- Врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи, предупреди дека Израел и САД ќе се соочат со „разорен одговор“ поради нивните напади врз Иран и неговите сојузници.
Техеран, 2 ноември 2024 (МИА) - Врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи, предупреди дека Израел и САД ќе се соочат со „разорен одговор“ поради нивните напади врз Иран и неговите сојузници.
- Непријателите, без разлика дали се работи за ционистичкиот режим или за САД, сигурно ќе добијат разорен одговор за нивните дејствија против Иран и иранскиот народ, изјави Хамнеи.
Изјавата дојде во време кога иранските власти сè повеќе се закануваат со нови напади врз Израел, откако во напад на 26 октомври загинаа најмалку пет лица.
Хамнеи не прецизираше време или обем на можниот напад, но претходно изјави дека нападите на Израел „не треба да се преценуваат, ниту да се потценуваат“. ссм/
фото: архива