Иранската влада вели дека нема опасност за жителите што живеат во близина на иранските нуклеарни постројки нападнати од САД
- Иранската влада соопшти дека нема опасност за жителите што живеат во близина на иранските нуклеарни постројки нападнати од САД во текот на ноќта.
Техеран, 22 јуни 2025 (МИА) - Иранската влада соопшти дека нема опасност за жителите што живеат во близина на иранските нуклеарни постројки нападнати од САД во текот на ноќта.
-Нема опасност за жителите на областите каде што има нуклеарни постројки. Жителите на Натанц, Исфахан и Фордо можат да продолжат да живеат нормално, изјави портпаролката на иранската влада Фатемех Мохаџерани.
Нуклеарните постројки во Натанц, Исфахан и Фордо се трите ирански нуклеарни постројки за кои американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави дека биле нападнати. мс/
фото: ЕПА