• недела, 01 март 2026

Ирак прогласи тридневна жалост поради смртта на Хамнеи

Ирак прогласи тридневна жалост поради смртта на Хамнеи

Багдад, 1 март 2026 (МИА) – Ирак прогласи тридневен период на жалост по смртта на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи.

Владиниот портпарол Басем ал-Авади во изјава рече дека „со длабока тага, упатуваме сочувство до благородниот народ на Иран и до целиот муслимански свет“ откако Хамнеи беше убиен во „очигледен чин на агресија“.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) претходно и официјално соопштија дека го убиле иранскиот врховен водач Али Хамнеи во воздушен напад во Техеран во текот на вчерашниот ден. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан