• понеделник, 23 декември 2024

ИОМ: Во Украина внатрешно раселени се над 7,1 милиони луѓе 

ИОМ: Во Украина внатрешно раселени се над 7,1 милиони луѓе 
Њујорк, 5 април 2022 (МИА) - Бројот на внатрешно раселени лица во Украина се искачи над 7,1 милион, додека нивниот број пред една недела изнесуваше околу 6,5 милиони луѓе, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција (ИОМ). - Луѓето и понатаму ги напуштаат своите домови поради војната, а на терен продолжуваат да растат хуманитарните потреби, изјави генералниот директор на ИОМ, Антонио Виторино. Според анкетите на ИОМ, повеќе од една третина од раселените домаќинства минатиот месец биле без приходи. Повеќе од половина од домаќинствата имале деца и постари лица кои живееле со нив. Хронично болните пациенти живееле во 30 проценти од домаќинствата. Бројот на луѓе кои ја напуштиле Украина и заминале во други земји од почетокот на руската инвазија се искачи на 4,2 милиони, покажуваат најновите податоци на Агенцијата за бегалци на ОН. ми/

Остани поврзан