• понеделник, 18 ноември 2024

ИОК го објави датумот за претставување на кандидатите за нов претседател

ИОК го објави датумот за претставување на кандидатите за нов претседател

Лозана, 10 октомври 2024 (МИА) - Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) го објави датумот за претставување на кандидатите за функцијата шеф на организацијата. Презентацијата ќе се одржи на 30 јануари 2025 година. 

Седум кандидати кои ќе конкурираат за наследник на Томас Бах ќе ги претстават своите изборни програми.

Кандидати за функцијата претседател на организацијата се: Себастијан Коу (претседател на Светската атлетска федерација), Моринари Ватанабе (шеф на Меѓународната гимнастичка федерација), Фајсал ибн Хусеин (претседател на Олимпискиот комитет на Јордан), Кирсти Ковентри (член на извршниот комитет на ИОК), Јохан Елијас (претседател на Меѓународната федерација за скијање и сноуборд), Дејвид Лапартиен (шеф на Францускиот национален олимписки комитет), Хуан Антонио Самаранч - Јуниор.

Изборите ќе се одржат на седницата на ИОК, која ќе се одржи од 18 до 21 март 2025 година. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан