• петок, 22 ноември 2024

Инфраструктурни активности во Општина Могила

Инфраструктурни активности во Општина Могила

Могила, 16 јануари 2023 (МИА) – Поволните временски услови за овој период од годината на Општина Могила и овозможија реализација на повеќе инфраструктурни активности.

Во рамки на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ финансисран од Европската унија заврши инсталирањето на сензорно катче во подрачното ОУ „Браќа Миладиновци“ во населеното место Будаково, а со средства распределени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации на општината, извршено е тампонирање на повеќе улици.

-Сензорното катче е опремено со дидактички материјали и сензорни елементи и е на располагање во ПОУ „Браќа Миладиновци“  во селото Будаково. Знаејќи ги потребите, пред сѐ на децата, а и на наставниот кадар и стручните служби кои имаат потреба од дополнителни алатки за квалитетно изведување на образовниот процес, сметаме дека ова е голем чекор кон градење на инклузивно училиште. Ако имаме инклузивно образование, ќе имаме и инклузивно општество, истакна градоначалникот на Општина Могила, Драганчо Саботковски.

Проектот „Биди Ин, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ е финансиран од ЕУ, а го реализираа Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по Чекор“ и нивни партнери.

Од Општина Могила информираат дека во сите населени места на општината извршено е тампонирање на краци од улици во должина од 6.500 метри, односно тампонирани се улици кои водат до повеќе цркви, манастири, спортски терени и непристапни патеки.

Средствата за реализација на оваа инфраструктурна активност се обезбедени по основ на надоместок за производство на енергија од фосилни горива како наменски дотации за Општина Могила. мт/сст/

Остани поврзан