• понеделник, 15 јули 2024

Инфо денови и форум за барање партнери за инвестициски проекти од приоритетот 1 „Позелен пограничен регион“ со Бугарија

Инфо денови и форум за барање партнери за инвестициски проекти од приоритетот 1 „Позелен пограничен регион“ со Бугарија

Скопје, 28 јуни 2023 (МИА) - Заедничкиот секретаријат на програмата Интеррег Бугарија - Северна Македонија организира информативни денови и форум за барање партнери на отворениот повик за инвестициски проекти од приоритет 1 „Позелен пограничен регион“.

Повикот е насочен кон специфична цел „Подобрување на заштитата и зачувувањето на природата, биодиверзитетот и зелената инфраструктура, вклучително и во урбаните средини, и намалување на сите форми на загадување“ и има за цел да идентификува предлози за проекти кои ќе придонесат за развој на зелената Инфраструктурата во урбаните и пери-урбаните области, чиишто широки импликации имаат позитивно влијание врз здравјето и благосостојбата на луѓето, ја поддржуваат зелената економија, создаваат работни места и ја подобруваат биолошката разновидност.

Секретаријатот прецизираше дека вкупниот износ на тековниот повик за инвестициски проекти е 4.561.091 евра.

Овие настани имаат за цел да ги обединат Управниот орган, Националниот орган, Заедничкиот секретаријат и потенцијалните апликанти и да ги презентираат основните правила на Отворениот повик за инвестициски проекти под приоритет 1 „Позелен пограничен регион“. Настаните се планирани за јули 4 во Сандански, Бугарија и на 11 јули во Кочани, Република Северна Македонија. зш/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан