• петок, 22 ноември 2024

Инфлацијата за октомври за храната ќе биде под 2 отсто, вели Бектеши

Инфлацијата за октомври за храната ќе биде под 2 отсто, вели Бектеши

Скопје, 3 ноември 2023 (МИА) - Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека инфлацијата во делот за храната за месец октомври ќе биде под 2 отсто, а вкупната инфлација во државата ќе биде преполовена.  

-Според моите првични податоци за месец октомври кои ќе ги објави Државниот завод за статистика следната недела инфлацијата во делот на храната ќе биде под 2%, а вкупната инфлација во државата ќе биде преполовена споредено со претходниот месец и тоа е како резултат на мерките кои ги усвои Владата, посебно Министерството за економија, рече министерот за економија Крешник Бектеши во интервју во Тема на денот на ТВ Сител. 

Министерот потенцираше уште еднаш дека мерките се носени во постојана комуникација, состаноци со сите засегнати страни од производителите и до дистрибутерите и ланците на супермаркети. Упати порака до сите ланци на супермаркети, по добиените пријави од дистрибутери и производители да не бараат прикривање на одредени давачки.

-Имаме пријави од дистрибутери и производители дека од нив се бара одредени давачки како што се рабат, рекламирање, маркетинг и слично да се прикријат, им порачувам на супермаркетите да не го прават тоа, затоа што го знаат Законот за потрошувачи. Да не се доведеме повторно во ситуација, дел од големите ланци на супермаркети да бидат затворени. Но, овој пат тоа нема да трае само пет дена, овој пат ќе трае 30 дена, рече министерот Бектеши. ев/

ФОТО: МИА Архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан