• петок, 22 ноември 2024

Инфективна клиника: Неточни се наводите на мајката со четиримесечно бебе дека никој не и ги кажал резултатите за Ковид-19

Инфективна клиника: Неточни се наводите на мајката со четиримесечно бебе дека никој не и ги кажал резултатите за Ковид-19
Скопје, 22 април 2020 (МИА) - Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска соопшти дека во целост ги демантира наводите на мајката со четиримесечното бебе, која тврди дека лежат во болница и ниту еден доктор за тоа време не дошол да им ги каже резултатите од тестовите за ковид-19. Од Клиниката појаснуваат дека на мајката во повеќе наврати и е објаснета здравствената состојба на детето, како и потребата за земање два последователни бриса. -Детето секој ден редовно се прегледува и најмалку три пати влегува дежурна лекарска служба. На мајката и се обезбедуваат сите расположливи услови, од бокал за греење на вода, козметика за бебето, снабдување со вода и други продукти кои ги добива Инфективната Клиника како донација. Детето е интензивно контролирано по препорака од педијатар и покрај добрата клиничка слика, се наведува во соопштението на Клиниката. Оттаму додаваат дека мајката и детето денеска нема да бидат испишани од болницата, не поради детето, чии брисеви се негативни и комплетирани, туку поради очекување на резултатот на брисот од мајката. -Она што е најбитно е дека и детето и мајката се во одлична здравствено состојба, и доколку биле занемарени во третманот ова немало да биде случај. Разбираме дека пациентите за време на долгото лекување го губат трепнието, но ние како здравстена установа мораме да се држиме до сите протоколи за болничко лекување и не смееме да испишуваме пациенти пред истите да бидат исполнети, посочува Клиниката. Управата на Инфективна клиника, како што соопштува, ги следи сите стандарди за професионално работење, и ќе покрене интерна постапка за разрешување на состојбата, со потенцирање дека се пратат сите протоколи за болничко лекување на пациентите кои лежат на клиниката.бт/са/

Остани поврзан