• вторник, 02 јули 2024

Интер ја совлада Парма со пресврт во самиот финиш

Интер ја совлада Парма со пресврт во самиот финиш
Парма, 29 јуни 2020 (МИА) – Во дуел со кој се комплетира 28 коло од Италијанското фудбалско првенство, Интер синоќа ја победи Парма на гостински терен со 2:1. „Неро-азурите“ до трите бода стигнаа со два гола постигнати во последните десет минути преку Стефан де Фрај и Алесандро Бастони. Стрелец на погодокот за Парма беше Жервињо. Парма со 39 бода го зазема осмото место на табелата, додека Интер е трет со 61 бод. Тимот од Милано заостанува осум бода зад лидерот Јувентус. зс/

Остани поврзан