• петок, 05 декември 2025

Интер си обезбеди нов напаѓач

Интер си обезбеди нов напаѓач

Милано, 29 јуни 2025 (МИА) - Интер постигна конечен договор за трансферот на напаѓачот Анже-Јоан Бони од Парма, објавија Фабрицио Романо и Џанлука Ди Марцио.

Договорот е вреден 23 евра + 3 милиони, додека самиот играч ќе добие петгодишен договор со плата од 2 милиони евра по сезона. 21-годишниот талент ќе биде главен конкурент на Лаутаро Мартинез и Маркус Турам за стартерско место во нападот на Интер по заминувањата на Марко Арнаутовиќ и Хоакин Кореја, како и очекуваната разделба со Мехди Тареми.

Бони, кој е младински репрезентативец на Франција, одигра вкупно 117 натпревари за Парма, во кои постигна 15 голови и имаше 12 асистенции. Тој ќе биде третото ново засилување за „нероазурите“ по Петар Сучиќ и Луис Енрике. дс

Фото: Принтскрин

Тагови

Остани поврзан