• вторник, 24 декември 2024

Интер по 25 години го менува „Пирели“ со азиски спонзор на дресовите

Интер по 25 години го менува „Пирели“ со азиски спонзор на дресовите
Милано, 3 јануари 2021 (МИА) – Еден од најтрофејните италијански фудбалски клубови Интер наскоро може да добие нов спонзор, откако веќе 25 години на своите дресови го носи логото на производителот на автомобилски гуми „Пирели“. Како што објавија италијанските медиуми, Интер се надева дека ќе успее да склучи зделка со азиска компанија и во иднина на својот дрес да го носи логото на „Evergrande“, „Hisense“ или „Samsung“. Кинеската „Evergrande“ се занимава главно со продажба на станови и во последните неколку години е највредна компанија во светски рамки на пазарот на недвижности. „Hisense“, исто така, е кинеска компанија, што се занимава со производство на телевизори и бела техника, додека јужнокорејскиот „Samsung“ е најголем светски производител на електронски апарати. Во Интер се надеваат дека новиот спонзорски договор ќе им носи годишен приход меѓу 30 и 35 милиони евра. ег/зс/

Остани поврзан