• петок, 05 декември 2025

Интер е подготвен да продолжи со Симоне Инзаги

Интер е подготвен да продолжи со Симоне Инзаги

Минхен, 1 јуни 2025 (МИА) - Интер е подготвен да продолжи со менаџерот Симоне Инзаги ако тој сака да остане, изјави претседателот на клубот Џузепе Марота, додавајќи дека поразот од 5-0 од Пари Сен Жермен во финалето на Лигата на шампионите нема да биде фактор во одлуката.

ПСЖ, предводен од Луис Енрике, ја освои својата прва титула во Лигата на шампионите со најубедлива разлика во финалето, додека Инзаги го претрпе својот втор пораз во натпревар за трофејот, две години откако загуби од Манчестер Сити во Истанбул.

Договорот на Инзаги со Интер истекува во јуни следната година, а Марота потврди дека разговорите со тренерот за нов ќе започнат во наредните денови. Италијанските медиуми шпекулираа дека тој би можел да замине овој месец пред Светското клупско првенство во САД, кое ќе се одржи од 14 јуни до 13 јули.

-Овој пораз нема да биде важен. Инзаги има уште една година од договорот и веќе одлучивме да се сретнеме со него оваа недела. Речиси сите заслуги за овој позитивен циклус се должат на неговата професионалност и способност. Ако сака да продолжи, ние би биле среќни. Ќе се сретнеме со него бидејќи овој клуб не е навикнат да отпушта менаџер во последната година од договорот. Ќе се сретнеме за да чуеме што има да каже - повторувам, од наша страна сме многу горди и за нас е чест да продолжиме да работиме со него, изјави Марота за новинарите по натпреварот во Минхен.

Марота им честиташе на шампионите и се согласи дека Парижаните се класа над играчите на Интер.

-Ајде брзо да заборавиме и да се свртиме кон следниот натпревар, Светското клупско првенство. Таму ќе ја претставуваме Италија заедно со Јувентус, заклучи претседателот на тимот. дс

Фото: Архива

Остани поврзан