• понеделник, 24 јуни 2024

Интер го цени Чалханоглу на 60 милиони евра, интерес за фудбалерот покажува Баерн

Интер го цени Чалханоглу на 60 милиони евра, интерес за фудбалерот покажува Баерн

Рим, 23 јуни 2024 (МИА) - Интер бара најмалку 60 милиони евра за Хакан Чалханоглу.

Претходно се дозна дека турскиот играч за врска е отворен за преселба во Баерн. 

Во моментов ниту клубот од Минхен ниту претставниците на Чалханоглу не стапиле во контакт со Интер. 

„Нероаѕурите“ го ценат 30-годишниот фудбалер на 60 милиони евра, пренесува „Corriere della Sera“.

На 32 натпревари од сезоната во Серија А што заврши, Чалханоглу постигна 13 гола (10 од пенали) и три асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан