• петок, 05 декември 2025

Интер во Лондон преговараше со Фабрегас

Интер во Лондон преговараше со Фабрегас

Лондон, 5 јуни 2025 (МИА) - Раководството на Интер ги продолжува преговорите со главниот тренер на Комо, Цеск Фабрегас, објави новинарот Џанлука Ди Марцио.

Според Ди Марцио, претставници на миланскиот клуб вчеравечер во Лондон се сретнале со 38-годишниот фудбалски стручњак.

Претходно беше објавено дека претседателот на Комо, Мирван Суварсо е решен да го задржи Фабрегас во клубот. Шпанецот работи во Комо од јули 2024. Неговиот договор е до 30 јуни 2028 година.

Комо заврши на 10-тото место во Серија А во сезоната 2024/25, додека Интер заврши на второто место. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан