• понеделник, 23 декември 2024

Интернационална поетска вечер на Скопскиот поетски фестивал

Интернационална поетска вечер на Скопскиот поетски фестивал
Скопје, 31 август 2022 (МИА) – Во Младинскиот културен центар, вечер од 19 часот ќе биде одржана интернационална поетска вечер во рамки на вториот Скопски поетски фестивал. Поетско читање ќе имаат Влада Урошевиќ, Владимир Мартиновски, Радмила Петровиќ од Србија, Сергеј Тимофеев од Латвија, а вечерта ќе заврши со кус поетско-музички перформанс на Пијан Славеј. Второто издание на Скопскиот поетски фестивал годинава трае од 29 август до 1 септември во Младинскиот културен центар ‒ Скопје и во кафе-книжарницата „Буква“. На поетските читања учествуваат поети од земјава и странство. Поетските вечери ќе бидат надополнети со музички перформанси, како и работилница за креативно пишување поезија за млади, ликовна изложба, а премиерно ќе бидат прикажани и неколку поетски филмови изработени за фестивалот. ар/са/      

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан