• понеделник, 23 декември 2024

Интервенции на ЈП Улици и патишта по невремето во Скопје

Интервенции на ЈП Улици и патишта по невремето во Скопје
Скопје, 30 август 2022 (МИА) - ЈП Улици и патишта Скопје соопшти дека нивни екипи интервенираат на улиците кои се поплавени од денешните обилни врнежи од дожд. Од претпријатието информираат дека денеска 20-тина крстосници се целосно исклучени или на трепкаво светло и во координација со полиција се регулира сообраќајот. Со ангажираност на сите работници и механизација се вршат активности на улиците во сите општини, се исправуваат латерни на семафорите, се санираат дефектите на сите семафори, се санираат  оштетените заштитни столбови и екипи во координација со Градот и другите јавни претпријатија вршат активности  за отстранување на паднати дрвја, како и за расчистување на шахтите и сливниците, посочуваат од претпријатието и додаваат дека нивни екипи продолжуваат со  потребните интервенции во текот на целата ноќ со цел да се санираат сите оштетувања на собраќајниците како последица од невремето. рп/са/

Остани поврзан