• петок, 22 ноември 2024

Инспекторите за труд вчера извршиле 55 надзори за заштита на работниците во услови на топлотен бран

Инспекторите за труд вчера извршиле 55 надзори за заштита на работниците во услови на топлотен бран

Штип, 20 јули 2023 (МИА) - Сите човечки ресурси со кои располага Државниот инспекторат за труд (ДИТ) се фокусирани на градежната оператива, каде секој ден се вршат надзори во периодот од 11 до 17 часот, кога трае и забраната за работа поради топлотниот бран, вели директорката на ДИТ, Весна Томовска.

Посочува дека препораките за забрана за работа во овој период од денот за време на топлотниот бран се однесуваат и за бремените жени и за повозрасни лица над 60 години.

-Без разлика дали се работи за дејности од текстилната индустрија или други дејности, генерално забраната за бремените жени мора да се почитува. Во моментот фокусот е ставен повеќе на градежната дејност, затоа што ризикот во услови на топлотен бран, кога се работи на отворено е многу повисок за тие работни места, нагласува Томовска.

Во соопштението на Државниот инспекторат за труд за извршените надзори во текот на вчерашниот ден се посочува дека се извршени вкупно 55 инспекциски надзори, од кои 40 се вонредни, а 15 се контролни инспекциски надзори. Изречени се вкупно 13 инспекциски мерки и тоа девет решенија со наредба за почитување на препораките за превенција и заштита на работниците при работа во услови на топлотен бран и четири решенија за забрана за работа за утврдено непочитување на препораките односно затекнување на активности каде работниците се директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот. вдј /цр

Фото: МИА 

Остани поврзан