• петок, 22 ноември 2024

Иновативната машина за чистење произведена од „Брако“ во акција пред Белата куќа во Вашингтон

Иновативната машина за чистење произведена од „Брако“ во акција пред Белата куќа во Вашингтон
Скопје, 5 ноември 2021 Иновативната машина за чистење на „Green Мachines“, произведена во фабриката „Брако“ во Велес, повторно во акција пред Белата куќа во Вашингтон. Со својот уникатен дизајн присуството на GM636 не остана незабележано додека ја извршуваше својата задача.

Возилата на „Брако“ за одржување на хигиена во урбани средини од брендот „Green Мachines“ веќе се одомаќинети во американската престолнина. Во јануари годинава еколошката машина GM500ze го чистеше дворот на Белата куќа во Вашингтон, во пресрет на инаугурација на американски претседател Џо Бајден.

Поради својот футуристички дизајн, овие возила го привлекуваат вниманието и на филмските режисери и се појавуваат во сцени од „Man In Black 3“ и „Star Wars: Episode I – The Phantom Menace“.

Инаку, „Green Machines“, која од октомври 2019 година е во сопственост на велешки „Брако“, има долгогодишна традиција во областа на производството на технолошки напредни и иновативни машини за одржување на хигиената во урбани средини и важи за глобален лидер со врвна репутација.

ДПТУ БРАКО ДОО _______________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан