• понеделник, 23 декември 2024

Иницијатива за поедноставување на процедурата за престој на студенти во земјава преку програмата Еразмус

Иницијатива за поедноставување на процедурата за престој на студенти во земјава преку програмата Еразмус

Скопје, 16 април 2024 (МИА) - На предлог на техничкиот премиер, Владата на денешната 15-та седница ги задолжи Министерството за внатрешни работи и Министерството за образование да достават информација во врска со ефикасно решавање на прашањето за престој на студенти кои по основ на мобилност, согласно образовната програма Еразмус, имаат потреба да престојуваат во државава не повеќе од еден семестар.
 
-Како што е констатитарно, мобилноста во рамки на образовниот процес е усогласување со праксата на Европската Унија и, како што е оценето, потребно е поедноставување на процедурите за краткорочен престој по овој основ, наспроти стандардните процедури за одобрување престој за повеќегодишно студирање, соопшти владината прес-служба. хс/ев/ 

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан