• недела, 05 мај 2024

Инзаги не е загрижен поради испаѓањето на Интер од Лигата на шампионите

Инзаги не е загрижен поради испаѓањето на Интер од Лигата на шампионите

Милано, 9 април 2024 (МИА) - Тренерот на Интер, Симоне Инзаги изјави дека неговиот тим не е разочаран што е елиминиран од Лигата на шампионите. Интер не успеа да го мине Атлетико Мадрид во осминафиналето, загуби по изведување пенали.

- Не жалиме. Среќни сме со последните три сезони во европските натпреварувања. Загубивме на пенали, но требаше да постигнеме повеќе голови на „Џузепе Меаца“. И покрај ова, тимот не жали, постои само чувство на гордост, изјави Инзаги во интервјуто со новинарката Даниела Мари.

Во првенството Интер има 14 бода предност пред второпласираниот Милан.

Оваа сезона во Серија А тимот од Милан нема пораз на 25 натпревари по ред. Избраниците на Симоне Инзаги последен пат загубија во италијанското првенство на натпреварот со Сасуоло (1:2) на 27 септември 2023 година. Рекордот го држи Јувентус со 38 натпревари без пораз во сезоната 2011/12. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан