• понеделник, 23 декември 2024

Индонезија повторно го отвора островот Бали за посетители од сите земји

Индонезија повторно го отвора островот Бали за посетители од сите земји
Џакарта, 31 јануари 2022 (МИА) - Индонезија, и покрај неодамнешниот пораст на случаите на Ковид-19 поттикнати од сојот омикрон, повторно ќе го отвори туристичкиот остров Бали за посетители од сите земји, почнувајќи од 4 февруари, соопштија властите вчера. -Владата, исто така, одлучи да го намали периодот на карантин за странски пристигнувања од седум на пет дена, за оние кои примиле две дози вакцина против коронавирусот, рече Лухут Панџаитан, функционер задолжен за управување со пандемијата. Оние кои примиле само една доза од вакцината, ќе треба да бидат во карантин седум дена. - Повторно ќе ги отвориме вратите за меѓународните посетители на Бали на 4 февруари. Мерката има за цел да ја ревитализира економијата на Бали која е сериозно погодена од пандемијата, додаде тој. Индонезија објави 11.588 нови случаи на коронавирус вчера, со што вкупниот број достигна над 4,3 милиони. Дополнителни 17 жртви го зголемија бројот на смртни случаи поврзани со коронавирусот на 144.285 лица во земјата.  си/сд/

Остани поврзан