• сабота, 23 ноември 2024

Индијци го тужат својот син единец оти не им дал внуче

Индијци го тужат својот син единец оти не им дал внуче
Харидвар, 13 мај 2022 (МИА) - Брачна двојка од северната индиска сојузна држава Утараканд го тужат својот син единец и неговата сопруга затоа што не им родиле внуче по шест години брак. Санџеев и Садана Прасад велат дека ги потрошиле своите заштеди за својот син, плаќајќи му ја обуката за пилот (којашто чини над 60.000 евра), како и за раскошната венчавка... Сега тие бараат отшета за „психичко тормозење“, во вредност од околу 625.000 евра доколку не се роди внуче во рок од една година. - Мојот син е шест години в брак, но тие сѐ уште не планираат бебе... Барем да имавме внуче со кое ќе минуваме време - нашата болка така ќе стане поднослива, изјави г-н Прасад. Синот и неговата сопруга засега сѐ уште немаат коментар за сѐ ова. Шри Сагар (35) се вратил во Индија во 2007 година, останал без работа и неговото семејство морало финансиски да го издржува повеќе од две години, пишува „Тајмс оф Индија“. На крајот се вработил како пилот, а неговите родители велат дека го договориле неговиот брак со Шубханги Синха, во 2016 година, со надеж дека ќе имаат „внуче со кое ќе си играат“ уживајќи во пензијата. Родителите велат и дека свадбата во хотел со пет ѕвезди, со луксузен автомобил од 80.000 долари, како и медениот месец во странство - биле на нивна сметка. Адвокатот на родителите изјави дека парот ги побарал парите „поради психичка суровост“. - Сон на секој родител е да стане баба или дедо. Тие со години чекаа да станат баба и дедо!, истакна правниот застапник. Претставката поднесена во градот Харидвар, се очекува да биде разгледана од судот на 17 мај.  си/

Остани поврзан