• понеделник, 23 декември 2024

Индија и Кина постигнаа договор за патролирање со цел да го решат граничниот спор

Индија и Кина постигнаа договор за патролирање со цел да го решат граничниот спор

Њу Делхи, 21 октомври 2024 (МИА) - Индија и Кина постигнаа договор за патролирање долж спорната граница на Хималаите, што може да доведе до релаксирање на тензиите и решавање на конфликтот што започна во 2020 година, соопшти денеска индискиот секретар за надворешни работи Викрам Мисри.

Договорот доаѓа пред посетата на индискиот премиер Нарендра Моди на Русија, каде што може да одржи разговори со кинескиот претседател Си Џинпинг.

Односите меѓу двете нуклеарни сили останаа напнати по судирите меѓу нивните војски во 2020 година, при што загинаа 20 индиски и четворица кинески војници.

Мисри истакна дека дипломатските и воените преговори довеле до договор за „правила за патролирање по линијата на реалната контрола“ што ќе придонесе за релаксација на тензиите во пограничните области. ссм/

фото: архива

Остани поврзан