• понеделник, 16 март 2026

Најмалку десет жртви во пожар во болница во Индија

Најмалку десет жртви во пожар во болница во Индија

Њу Делхи, 16 март 2026 (МИА) - Најмалку десет пациенти го загубија животот во пожар што во текот на ноќта избувна во одделението за интензивна нега на Универзитетската болница во градот Кутак, во источната индиска провинција Одиша.

Премиерот на Одиша, Мохан Чаран Маџи, соопшти дека седум од настраданите им подлегнале на изгорениците уште при интервенцијата за нивно извлекување и преместување на други одделенија од болницата, додека уште тројца пациенти починале подоцна од тежината на здобиените повреди.

Според информациите објавени од локалните медиуми, не е мал ниту бројот повредени, од кои неколкумина посериозно. Истите медиуми соопштуваат дека причина за настанувањето на пожарот бил кратој спој во електричната инсталација на објектот.

Маџи најави истрага за инцидентот. аб/сд

фото/МИА архива

Остани поврзан