• петок, 22 ноември 2024

Индискиот министер за надворешни работи Џаишанкар ќе го посети Иран

Индискиот министер за надворешни работи Џаишанкар ќе го посети Иран

Њу Делхи, 13 јануари 2024 (МИА) - Индискиот министер за надворешни работи Субрахмањам Џаишанкар утре ќе пристигне во дводневна посета на Иран поради зголемените тензии во Црвеното Море.

Посетата на индискиот министер доаѓа еден месец по нападот со беспилотно летало на брод во близина на индиските територијални води, за што САД го обвинија Иран.

Индиската Влада соопшти дека министерот ќе се сретне со својот ирански колега Хосеин Амир-Абдолахиан за да разговараат за „билатералните, регионалните и меѓународните прашања“, не давајќи други детали.

Хутите, во „солидарност“ со Палестинците во Појасот Газа, извршија бројни напади со беспилотни летала и ракети на поморската рута што го минува Црвеното Море, клучна рута за меѓународната трговија. Многу бродови беа пренасочени, избегнувајќи го Црвеното Море, поради овие напади.

Индија од своја страна ги засили поморските патроли во Арапското Море. 

Во декември, напад со дрон го погоди танкерот MV Chem Pluto, на околу 370 километри од индискиот брег.

САД го обвинија Иран, но Техеран го отфрли обвинувањето.

Индиската морнарица неодамна соопшти дека спасила 21 член на екипаж од брод во Арапското Море по повикот за помош по киднапирањето на бродот. рп/

Фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан