• сабота, 23 ноември 2024

Индиец им го остави наследството на своите слонови

Индиец им го остави наследството на своите слонови
Мумбај, 12 јуни 2020 (МИА) - Еден земјопоседник од Индија својот имот им го остави на двата слона што тој ги има. За нив тој вели дека еднаш му го спасиле животот во вооружен грабеж. Според тоа, животните ќе добијат 2,5 хектари земјиште. Таа одлука на Ахтар Имам ги налути неговата сопруга и децата. Тие, заедно со слоновите Моти и Рани, живеат на село во источната индиска сојузна држава Бихар. - Едноставно не сакам Моти и Рани да имаат тешкотии, тие мене, исто така, ми се семејство. Не сакам моите слонови да се соочат со судбината на напуштените животни што умираат на улица или на нива поради негрижа, рече Имам кој, инаку, е и борец за правата на животните. Тој ги има слоновите скоро откако се родиле. Сега Моти има 20, а Рани - 15 години. Но, Имам вели дека неговата љубов кон неговите домашни миленици се должи и на фактот што го спасиле од вооружени напаѓачи. - Кога ја отворив вратата за да видам зошто слоновите се така вознемирени, видов дека ги бркаат криминалците надвор од дворот. Јас сум жив поради нив, оти моите слонови ми се како телохранители, раскажува тој. Тој жали што неговото семејство „не разбира дека слоновите не се само миленичиња“, како што самиот вели... - Човечката алчност е бескрајна. Дури и ако им го дадете целиот свет, тоа нема да биде доволно, нагласува Имам. Азиските слонови се загрозен вид. Живеат приближно - до 70 години. Околу 45.000 единки има низ целиот свет, при што околу една третина од нив живеат во нечиј јарем. си/

Остани поврзан