• петок, 22 ноември 2024

Индексите на Волстрит зајакнаа на отворањето на тргувањето

Индексите на Волстрит зајакнаа на отворањето на тргувањето
Њујорк, 16 август 2020 (МИА) - Индексите на Вол Стрит денеска се зајакнаа на отворањето на тргувањето, бидејќи инвеститорите реагираа позитивно на благиот пад на побарувачката за бенефиции за невработеност минатата недела. Како што пренесуваат странските агенции, оптимизмот е поттикнат и од надежта дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе истрае со цел да ги ублажат строгите мерки за ограничувања што се воведени за борба против Ковид-19. Индустрискиот индекс Дау Џонс се зголеми за 39,31 поени или 0,17 проценти на 23.543,66 поени на почетокот на трговската сесија, додека С&П 500 порасна за 15.98 поени или 0,57 проценти на 2.799.34 поени. Технолошкиот индекс Насдак Композит напредуваше за 85,93 поени или 1,02 отсто на 8,479,11 поени, кога почна работата на берзата. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан