• понеделник, 23 декември 2024

Инвеститорот нема пречка за изградба на мала хидроцентрала на пробиштипската река Шталковица

Инвеститорот нема пречка за изградба на мала хидроцентрала на пробиштипската река Шталковица
Штип, 1 јуни 2021 (МИА) - Во тек е изградбата на малата хидроцентрала на река Шталковица во пробиштипското село Турско Рударе. Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека и покрај реакциите на граѓаните, на Советот и доставеното барање да се преиспита целата постапка, пред два месеци им пристигнал одговор од Министерството за животна средина и Општината морала да издаде градежна дозвола на инвеститорот, бидејќи доколку не го сторела тоа ќе плаќала пенали. -Општината даде негативно мислење за изградба, но од Министерството за животна средина не го уважи нашето барање да се стопира изградбата на хидроцентрала на Шталковица, вели Анастасов. Тој истакна дека согласно ветувањето и договорот меѓу инвеститорот и жителите на село Турско Рударе нема да има проблеми со водоснабдувањето на селото, а ќе се гради и систем за наводнување на земјоделското земјиште. вдј/аа/

Остани поврзан