• петок, 05 декември 2025

Имињата на новите министри од редовите на ВРЕДИ ќе бидат утврдени до утре

Имињата на новите министри од редовите на ВРЕДИ ќе бидат утврдени до утре

Скопје, 25 ноември 2025 (МИА) – Имињата на новите министри од редовите на ВРЕДИ ќе бидат утврдени до утре, а предлогот ќе биде доставен до Собранието во текот на неделата, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски, на прес-конференција по повод доделувањето на решенија за самовработување како дел од Оперативниот план за вработување.

Во одговор на новинарско прашање кога ќе биде испратен предлогот за новите министри од коалицискиот партнер ВРЕДИ до законодавниот дом, Мицкоски посочи дека процесот се финализира.

– До утрешниот ден ќе се финализираат сите работи, очекувам оваа недела да ги доставам до Парламентот. Кога ќе биде сѐ конечно ќе ги знае јавноста, рече Мицкоски.

Прашан дали се знаат имињата на поверениците во општините во кои не се избраа градоначалници, Мицкоски кусо одговори дека јавноста ќе ги дознае уште во текот на денот.

– Нека поминат на владина седница, за кратко почнува владината седница и јавноста ќе ги дознае за неколку часа од сега, рече Мицкоски. ра/са/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан