• недела, 01 март 2026

Именуван нов командант на Револуционерната гарда во Иран

Именуван нов командант на Револуционерната гарда во Иран

Техеран, 1 март 2026 (МИА) – Иранскиот корпус на Револуционерната гарда (ИРГЦ) именуваше нов главен командант, Ахмад Вахиди, јави Би-Би-Си.

Претходниот командант, генерал Мохамед Пакпур, беше убиен во вчерашните израелско-американски напади врз Иран.

ИРГЦ е главна воена, политичка и економска сила во Иран и е одвоена од редовната армија на земјата.

Ахмад Вахиди претходно бил министер за внатрешни работи и министер за одбрана. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан