Има понуди за финансирање на брзата пруга, вели Мицкоски
- Премиерот Христија Мицкоски потврди дека има понуди за финансирање на изградбата на брзата пруга на Коридорт 10, за кои рокот за доставување завршува утре.
Скопје, 6 јули 2025 (МИА) - Премиерот Христија Мицкоски потврди дека има понуди за финансирање на изградбата на брзата пруга на Коридорт 10, за кои рокот за доставување завршува утре.
Да, има, рече Мицкоски, во гостување на ТВ Сител, порачувајќи дека пругата ни е потребна веднаш затоа што ќе останеме изолирани ако не ја изградиме и модернизираме.

Министерсвото за финансии има испратено барање за понуди до 24 банки за финансирање на изградба на брзата пруга на Коридорот 10.
Прашан даи ќе бидеме ослободени од царинските тарифи на САД рече дека преговорите се во тек и се водат во позитивна насока. - Следната недела е крајниот рок кога македонската јавност ќе знае што е тоа што го добиваме од администрацијата на САД, рече Мицкоски. лв/са/
фото:МИА архива