„Има помош за живот без насилство – достигнувања и следни чекори” во организација на УНФПА
- Во организација на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, денеска ќе се одржи настан со наслов „Има помош за живот без насилство – достигнувања и следни чекори“.
Скопје, 28 март 2024 (МИА) – Во организација на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА, денеска ќе се одржи настан со наслов „Има помош за живот без насилство – достигнувања и следни чекори“.
Од УНФПА информираат дека на настанот ќе бидат презентирани следните чекори за унапредување на системот за заштита и превенција од родово-базирано и семејно насилство преку досегашните достигнувања на проектот „Превенција и заштита од родово-базирано насилство во Северна Македонија“.
Пред почетокот на настанот се предвидени изјави за медиумите на Метју Лосон, амбасадор на Обединетото Кралство во Република Северна Македонија и Афродита Шаља, шефица на канцеларијата на Фондот за население на Обединетите нации - УНФПА во Република Северна Македонија. ра/мд/
Фото: УНФПА