• петок, 22 ноември 2024

Илјадници евакуирани во Болоња поради силниот дожд кој зафати делови од Италија

Илјадници евакуирани во Болоња поради силниот дожд кој зафати делови од Италија

Рим, 21 октомври 2024 (МИА) - Неколку илјади луѓе се принудени да се евакуираат поради обилните дождови во северна Италија.

Во Болоња и околните области, над 2.000 жители ја поминаа ноќта во засолништа за итни случаи или со семејството и пријателите. Неколку улици се потопени, а 20-годишен маж загина во својот автомобил во надојдените води.

Регионот Емилија Ромања, со Болоња како главен град, е погоден од невреме што предизвика штета која се проценува на неколку милиони евра.

Делови од јужна Италија, вклучително и Калабрија и Сицилија, исто така доживеаја поплави во центрите на градовите во изминатите неколку дена.

Во многу области, паркираните автомобили се однесени, а видео снимките покажуваат како скутери ги носи водата низ поплавените улици. Метеоролозите најавуваат ублажување на состојбата во наредните денови. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан