• недела, 22 декември 2024

Илјадници војници на НАТО на воени вежби на северот на Европа

Илјадници војници на НАТО на воени вежби на северот на Европа

Варшава, 18 јуни 2024 (МИА) - Околу 9.000 војници од 20 земји на НАТО учествуваат во воени вежби овој месец во регионот на Балтичкото Море, кој е стратешки чувствителен поради руската агресија врз Украина.

Шведска и порано учествуваше во вежбите, а сега првпат како членка на НАТО.

Вежбите вклучуваат отстранување мини од морето, откривање подморници, десанти и медицинска помош во случај на голем број повредени.

Целта е унапредување на интероперабилноста на силите и вежбање на заедничко дејствување, рекоа официјалните лица.

Вежби на поморските, воздушните и копнените сили се одржуваат во Балтичкото Море, како и во Шведска и нејзиниот стратешки остров Готланд, во Литванија, Полска и Германија. Ќе бидат распоредени 50 бродови и 45 авиони и хеликоптери.

Вежбите се организирани од НАТО поморските сили за напад и поддршка и Шестата флота на американската воена морнарица. рп/

Фото: МИА архива

Остани поврзан