• петок, 22 ноември 2024

Илиевски: Се одбележуваат 74 години постоење на ЈСП, ова ќе биде година на опоравување на претпријатието

Илиевски: Се одбележуваат 74 години постоење на ЈСП, ова ќе биде година на опоравување на претпријатието
Скопје, 17 јануари 2022 (МИА) - Подобри услови за работа и вистинско вреднување на трудот на возачите на автобуси. Проблемот со лицата кои повеќе години биле ангажирани преку привремени вработувања мора да се реши и да добијат статус на вработени на неопределено време. Трудот мора соодветно да се вреднува и ЈСП конечно да стане претпријатие во кое вработените ќе се горди дека се дел од него, најави директорот на Јавното сообраќајно претпријатие Скопје, Иван Илиевски на денешното обележување 74 години постоење на претпријатието. Оваа година, посочи Илиевски, ќе биде година на опоравување на претпријатието кое со години не е добро менаџирано. - Оваа година ќе се направи реорганизација и штедење на средствата. Ќе биде тешка година поради цените на енергенсите, но мора да успееме да направиме ова претпријатие конечно да биде вистински сервис на граѓаните. Проблемот е што минатите четири години се таложеле долгови, а притоа никој не водел сметка за тоа како работи ЈСП. Затоа започнуваме со поставување на работите во систем што ќе функционира, додаде Илиевски. На настанот присуствуваше и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а по повод обележувањето на 74 години на ЈСП беа доделени награди и благодарници за стаж над 40 години на Весна Апостоловиќ, Ајтен Хазир, Трпе Костадиновски, Ванчо Стојчевиќ, Зоран Спасовски, Момчило Додевски и Душко Димовски. рп/ац/

Остани поврзан