• недела, 17 ноември 2024

Илиевски: Обвинителството и ДКСК да го испитаат случајот со земјиштето во Центар што го добил Јанушев на подарок

Илиевски: Обвинителството и ДКСК да го испитаат случајот со земјиштето во Центар што го добил Јанушев на подарок

Скопје, 20 јули 2024

Волкот го менува влакното, но не и карактерот. ВМРО-ДПМНЕ беше и остана партија на криминалци кои во политиката се влезени само за да се збогатат на сметка на граѓаните. 

Џабе се понадеваа граѓаните, кои во огромен број го гласаа ВМРО-ДПМНЕ, дека можеби ова е некое ново, променето ВМРО-ДПМНЕ. Така лажеше Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ е само обична криминална група, која ги злоупотребува чуствата на граѓаните да се докопа до власт, за потоа да може да тера како најдобро што знае, богатејќи се на нивниот грб. 

Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е еклатантен пример на вечен криминалец во политиката. Човекот кој беше осуден за 5 милионски криминал во ЈСП,  денес е прв човек во Владата после Мицкоски. И што може да се очекува од осуден криминалец освен да продолжи онаму каде што застанал. 

Граѓаните се во шок и неверување од последната информација која ја споделија медимите, а тоа е дека Јанушев, замислете, добил на поклон градежно земјиште во сред Центар во вредност до 325.000 евра. Вакво перверзно легализирање на криминално стекнати пари досега не е забележано во македонската политика. Ова е за златен медал.  

Не може ништо различно да се очекува од Јанушев кој еднаш е веќе осуден криминалец. Дали овој човек е промената која ВМРО-ДПМНЕ ја вети? Дали институциите ќе реагираат? 

Очекуваме ДКСК и јавното обвинителство итно, повторуваме итно, да го истражат овој голем поклон кој ете така случајно се паднал баш кај Игор Јанушев. 

Оваа Влада е владата која во најкус рок ги разочарала граѓаните. Не поминаа ни 30 дена откако седнаа во фотељите, и веќе докажаа дека се далеку полоши од било која власт на почетокот на мандатот.

Менде Илиевски, советник на СДСМ во Советот на Општина Битола

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан