• петок, 05 декември 2025

Илиевски без промени во составот за дуелот со Унгарија

Илиевски без промени во составот за дуелот со Унгарија

Солнок, 9.август 2025 (МИА) - За вечерашниот дуел во Солнок против репрезентацијата на Унгарија селекторот на македонската кошаркарска репрезентација Марјан Илиевски ги одбра истите играчи од натпреварот со Романија. 

 Илиевски смета дека оние 12. кошркари кои играа против Романија на првиот натпревар од групната фаза, ќе се справат со предизвикот на играње на гостинскиот терен во Арената „Тисалигети“ во Солнок.

Селекторот одлучи против Унгарија да играат: Андреј Магдевски, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Максим Митевски, Џејкоб Вајли и Тома Стојаноски.   мн

Фото: Кошаркарска федерација на Северна Македонија

Остани поврзан