„Икс-бокс“ најави „технолошки скок“ во индустријата за видеоигри
- Покрај новата конзола, претходно беше најавена и „Икс-бокс“ конзолата од серијата „Икс“ без „драјв“, како и нов џојстик.
Лос Анџелес, 27 февруари 2024 (МИА) - Претседателката на „Икс-бокс“ за „Мајкрософт“, Сара Бонд најави дека претстојната генерација на „Икс-бокс“ ќе го претстави „најголемиот технички скок досега“ во индустријата за видеоигри.
Таа претходно најави и дека „Мајкрософт“ работи на оптимизација на „Виндоус“ за рачните уреди. Доколку компанијата навистина направи таков напредок и пробив, тогаш може да се очекуваат рачни „Икс-бокс“ плеери.
Покрај новата конзола, најавена е и „Икс-бокс“ конзола од серијата „Икс“ без „драјв“, како и нов џојстик.
„Гејминг“ заедницата ја очекува секоја нова вест и технолошки новитет, па познавачите предвидуваат дека новиот хардвер ќе биде корисен не само за „гејмерите“, туку и за создавачите на видеоигри. си/рп/
Фото: Википедија