Изјава на кандидатот за градоначалник на Ресен Јован Тозиевски
- Верувам дека граѓаните денеска ќе се одлучат за подобра иднина на Ресен и Преспа, преку остварување на своето право на глас, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Ресен од ВМРО – ДПМ
Ресен, 17 октомври 2021 (МИА) - Верувам дека граѓаните денеска ќе се одлучат за подобра иднина на Ресен и Преспа, преку остварување на своето право на глас, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Ресен од ВМРО – ДПМНЕ, Јован Тозиевски.
По остварување на своето граѓанско право, тој изрази уверување дека гласањето ќе се одвива во фер и демократска атмосфера.
- Верувам дека како што досега гласањето се одвива во мирна, фер и демократска атмосфера, истото ќе продолжи и до крајот на изборниот ден, ијзави Тозиевски. сс/цр/