• петок, 22 ноември 2024

Изјава на кандидатот за градоначалник на Гостивар Фадиљ Зендели

Изјава на кандидатот за градоначалник на Гостивар Фадиљ Зендели
Гостивар, 17 октомври 2021 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на општина Гостивар од редовите на политичката партија Беса, Фадиљ Зендели, по гласањето им порача граѓаните да покажат капацитет за демократска вредност. - Денес граѓаните на нашата општина имаат можност да се изјаснат и да го дадат нивниот глас, со што ќе определат кој ќе владее наредните четири години со општина Гостивар. Секако, гласањето е право и обврска. Обврска затоа што одлучуваат што ќе се случува наредните четири години. Се надевам дека денешниот ден ќе биде мирен и ќе помине во демократска атмосфера. Граѓаните ќе се изјаснат онака како што мислат и сите ние заедно ќе покажеме капацитет и демократски вредности и дека можеме да се соочиме со вакви предизвици како што се локалните избори. згм/хс/

Остани поврзан