• петок, 05 декември 2025

Изјава на кандидатката за градоначалник на Македонска Каменица Соња Стаменкова

Изјава на кандидатката за градоначалник на Македонска Каменица Соња Стаменкова
Македонска Каменица, 31 октомври 2021 (МИА) - Градоначалничката на Македонска Каменица и кандидатка за втор мандат од СДСМ и коалицијата Соња Стаменкова денеска го искористи своето право на глас во рамки на вториот круг од Локалните избори. Во своето обраќање до јавноста им се заблагодари на граѓаните за досегашната нивна поддршка, потенцирајки дека отсекогаш знаеле да го изберат најдоброто за нивната општина.
-Денеска граѓаните на Општина М.Каменица ќе го остварат своето право на глас и ќе изберат градоначалник на општината. Најпрвин ја користам приликата да им се заблагодарам на сите кои што денеска ќе придонесат за изборот за градоначалник затоа граѓаните знаат да го изберат најдоброто за нивната општина и најдобрата опцијакоја во наредните 4 години ќе ја води општината, рече Стаменкова.
Оцени дека кампањата во двата круга се одвивала во фер и демократаска атмосфера.
-Бидејки во нашата општина има втор круг кампањата траепе речиси 5 недели и мислам дека се одбиваше во фер и демократската атмосфера. По социјалните медиуми сметам дека граѓаните видоа есен коректен предизборен однос, додаде Стаменкова.
Своето право на глас Стаменкова го оствари на избирачкото место 0612. вс/вг/

Остани поврзан