• петок, 05 декември 2025

Изјава на Биљал Касами, кандидат за градоначалник на Тетово од Вреди

Изјава на Биљал Касами, кандидат за градоначалник на Тетово од Вреди

Тетово, 19 октомви 2025 (МИА) -  Кандидатот за градоначалник на Општина Тетово, Биљал Касами од коалицијата „Вреди“ денес гласаше во Гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.

 -После 20 дена интензивна кампања денеска на овој празник на демократијата сме тука за да го дадеме нашиот глас за најдобриот кандидат.  Денеска сите граѓани на општина Тетово и на Република Македонија имаат можност да ги изберат своите претставници на локалната власт за следните 4 години, да одлучуваат за да ги решаваат нивните проблеми и да им излезат во пресрет на нивните барања. Ова е многу важен ден за сите граѓани на Општина Тетово за тоа што гласот на граѓаните, ќе одлучи правецот на кој ќе оди општина Тетово во следните 4 години. Се надевам дека граѓаните свесно и совесно ќе се определат за најдобрата опција, за најдобриот кандидат за Тетово следните 4 години биде во сигурни раце, рече Касами.ас/лв/

фото: МИА 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан