• петок, 05 декември 2025

Изјава за кандидатот за градоначалник на Струга Менди Ќура  (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Изјава за кандидатот за градоначалник на Струга Менди Ќура  (ЕМБАРГО за објавување до 19 часот)

Струга, 2 ноември 2025 (МИА) - Независниот кандидат за градоначалник на Општина Струга Менди Ќура денеска гласаше во избирачкото место селото Биџево.

Ги повика сите граѓани на Струга и струшко да излезат на гласање масовно, да го дадат својот глас за правецот во кој ќе се движи општината во наредните четири години.

- Верувам дека денеска граѓаните на општина Струга веќе се одлучени и мислам дека сѐ ќе оди многу мирно и демократски. Мислам дека сите граѓани на општина Струга ќе го искористат својот глас за да и дадат насока на општина Струга. Повикувам до сите граѓани на општина Струга да се мирни и да не подлегнуваат на никакви притисоци да гласаат демократски и на крајот да се излезе со добри резултати за општина Струга, изјави Ќура по гласањето. сс/вј/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан